ВМРО-ДПМНЕ: Да се ослободат неоправдано притворените


 

Конструираниот случај против десетици невини луѓе за фабрикувано дело тероризам мора да запре. Десетици неправедно и неосновано осомничени патриоти се наоѓаат во притвор заради неаргументирани барања на ОЈО. Тие се жртва на политичката инквизиција која и се случува на Република Македонија, соопштија од ВМРO – ДПМНЕ.

„Правосудните органи мора да се ослободат од стегите и притисокот и своите одлуки да ги донесуваат исклучиво согласно позитивните законски норми. Независното судство е право на граѓаните, кое не смее да им биде скратено. Судот пред себе има доволно аргументи кои говорат дека делото тероризам за кое се товарат патриотите е монтиран случај. Судот врз основа на аргументите и законите треба да ги укине притворите и да му стави крај на овој политички монтиран случај“, се вели во партиското соопштение.

 

Од таму велат дека граѓаните имаат потреба од силни институции кои ќе го спроведуваат законот.