ВМРО-ДПМНЕ очекува најголем дел од граѓаните да седат дома


ВМРО-ДПМНЕ свртува накај бојкот, иако официјалните изјави дека секој треба да постапи како што мисли. Од партијата велат дека власта е во паника, поради што во последниве денови се забележуваат силни притисоци да излезе и да се гласа.

„За среќа на Македонија, наидува на силен отпор помеѓу граѓаните и последното навистина што загрижува се идеите да се направи фалсификат на самиот ден на гласање , затоа што Собранието не дозволи да има официјални набљудувачи од страна на политичките партии кои што би можеле да реагираат на евентуални неправилности. Но и тоа нема да помине имајќи предвид дека граѓаните се организираат да ги мониторираат и набљудуваат овој процес како што имаме информации преку разни здруженија на граѓани. Но, исто така, ќе бидат будни и членовите на ВМРО-ДПМНЕ и секој евентуален потег или желба да се фалсификува волјата на граѓаните или да се намести самиот процес ќе наиде на силен и масовен отпор од страна на народот. Волјата е јасна, значаен дел од граѓаните се против договорот, најголем дел одлучуваат да остануваат дома и тоа е она што го очекуваме во недела“, вели потпретседателот Александар Николоски.