ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Каевски


Дарко Каевски треба да одговара и да си даде оставка од функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт, поднесувајќи одговорност за скандалот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

  „Одговорност мора да има за скандалозните стихотворби кои излегоа во јавност и изобилуваат со шовинизам, говор на омраза и тоа треба да го направи веднаш.

Дарко Каевски кој самиот се фати во лага, каде што рече дека се објавени 44 творби во збирката и дека претседателот на комисијата за издавање не знаел дека треба да се селектираат творбите, а на поетското читање агенцијата објави дека 48 автори испратиле творби, вчера вели и дека не знаел дека е ставен за уредник на збирката.

 Прашуваме:

  1. Колку сума на државни пари за објавување на оваа книга се исплатени?
  2. Дали Дарко Каевски ќе ги врати парите кои се исплатени за книгата, а се на штета на граѓаните на Република Македонија?

 За да биде скандалот уште поголем, сите се оградија од Агенцијата за млади и спорт, па дури и авторот кој е потпишан вели дека е злоупотребено неговото име.

Има ли пилот во авионот наречен Агенција за млади и спорт?

 За само 10 месеци Дарко Каевски од Агенцијата за млади и спорт од најдобра институција, успеа да направи траги-комична институција, која шири шовинизам и говор на омраза“, се нагласува во соопштението на  ВМРО-ДПМНЕ.