Владеjaчката партија го смени Мугабе од лидерската позиција
Хараре – Централниот комитет на владејачката партија на Зимбабве одлучи да го отстрани Роберт Мугабе од лидерската позиција во партијата и да започне со процесот на неговото отстранување од функцијата шеф на државата.
Емерсон Мнангагва, поранешен заменик-претседател на владеечката партија ZANU-PF, е именуван за неговиот наследник. Мугабе во текот на овој месец го разреши од оваа функција.