Влада на Косово: Демаркацијата со Црна Гора главна тема на разговорите со Марковиќ


Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ на 6 февруари ќе престојува во Приштина и една од главните теми, според косовската Влада, ќе биде демаркацијата, иако Подгорица го ратификува тој договор летото 2015 година.

Во соопштение од косовската Влада се наведува дека Марковиќ ќе има состанок со премиерот Рамуш Харадинај, претседателот Хашим Тачи и претседателот на косовскиот Парламент Кадри Вејсели.

– Во интерес на сите е прашањето со демаркацијата да се реши. Сега тоа прашање е во рацете на пратениците во Собранието на Косово, изјави Доњета Гаши, директорка на канцеларијата за односи со јавност во Кабинетот на премиерот.

Таа најави и разговори за организирање заедничка седница на двете влади.

Црногорскиот премиер досега неколкупшати изјави дека прашањерто за демаркацијата за Црна Гора е завршено со ратификацијата во парламентот