Влада: За „Денот на дрвото“ биле потрошени 18 милиони евра (ВИДЕО)


Владата на Република Македонија по денешната седница објави дека во период од 2008 до 2016 година потрошени се речиси 18 милиони евра со успешност на засадени садници од само 21 процент. Дополнителни 31 милион денари во оваа акција биле потрошени за засадување палми со процент на успешност нула.

Освен тоа владата на денешната седница реши Мерцедесот од бомбите да го продава на аукција со почетна цена од 230.000 евра.