Влада: Достоинствено да се решат отворените прашања со Грција
Владата на Република Македонија е посветена на градење доверба со Владата на Република Грција, со јасна цел достоинствено да се решат отворените прашања на двете соседни европски земји, велат од македонската Влада во врска со вчерашниот протест во Атина.
– Веруваме дека и во Грција и во Македонија мнозинството граѓани сакаат добрососедство кое води кон пријателство и кон цврста стабилност и економски развој на целиот регион, наведуваат од Владата.
Македонската Влада, посочуваат, ги застапува ставовите кои придонесуваат кон унапредување на соработката и перспективите меѓу двете земји.