Владата ја најави инвестицијата на „Доган Отомотив“ во Бунарџик


Нова инвестиција наскоро се очекува во ТИРЗ Скопје еден, во Бунарџик.

Како што соопшти денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, министрите вчера ја прифатиле предлог одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко – индустриската развојна зона Скопје 1, или ТИРЗ 1 со Друштвото за производство, трговија, промет и услуги ДОГАН ОТОМОТИВ ДОО увоз – извоз Скопје.

– Ова е нова инвестиција на Друштвото Доган Отомотив од Република Турција. Станува збор за компанија која произведува резервни делови за автомобилската индустрија, рече портпаролот Миле Бошњаковски.