„Витаминка“ овозможи скратено работно време за новите родители


Компанијата „Витаминка“ за своите вработени воведе дополнителни три месеци скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно отсуство.
Одборот на директори на „Витаминка“ изгласа бенефиции во интерес на
своите вработени по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и
родителство. Според оваа новина вработените во Витаминка кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во следните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) ќе може да работат со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа ќе им се исплаќа целосен личен доход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.
Ваквата практика на „Витаминка“ е резултат на трајната заложба за континуирано подобрување на условите за работа на своите вработени, нивната благосостојба и постигнувањето добар баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. За вработените родители ќе овозможи период за прилагодување на работните задачи, но пред сè усогласување на деловните и обврските како родител.
Во „Витаминка“ има 690 вработени од кои 350 се жени во различни годишни
возрасти.