„Викторијас сикрет“: Елса Хоск ќе го носи најскапиот градник на светот


САД- Секоја година е престиж кој ќе го носи најскапиот градник на најскапата модна ревија на светот, на брендот „Викторијас сикрет“на 8 ноември во Њујорк.

Годинава е избрана Швеѓанката Елса Хоск (30) кој е ангел на „Викторијас сикрет“ од 2015 година.  Градникот чини  1 милион долари.

Градникот има 2.100  дијаманти и биле потребни преку 930 часа за да се изработи и е повеќе од 71-каратен, а тоа значи – многу светки.

Елса се пофали на социјалните мрежи и објави фотка со градникот, а во описот напиша дека тоа ѝ е најдобриот роденденски подарок.

Заедно со ангелите, годинава во музичкиот дел ќе настапат Бебе Реџа, Халси, Рита Ора, The Chainsmokers, The Struts и Шон Мендез, пренесува „Харперс базар“. Ангелите на Викторија Сикрет кои ќе прошетаат на модната писта се Адријана Лима, Беати Принслу, Кендис Сванепол, Џезмин Тукс, Џозефин Скривер, Сара Сампајо, Тејлор Хил, Бела и Џиџи Хадид, Кендал Џенер и Вини Харлоу, која за прв пат ќе се појави на оваа ревија.