Викнд ја раскина соработката со „H&M“ поради расистички навреди


САД- Поп-ѕвездата Викнд ја раскина соработката со модната куќа „H&M“ поради расистички навреди, пренесува „Independent“. Модната куќа неодамна се најде на мета на критики поради фотографии на кои се наоѓа црно момче, облечено во маица на која пишува „Coolest monkey in the jungle“.

Фотографијата го вознемири и канадскиот музичар Викнд, кој го изрази своето незадоволство на социјалните мрежи.

„Се разбудив утрово и засрамен сум од оваа фотографија. Длабоко сум навреден, и нема повеќе да соработувам со H&M“, напиша тој.

Фотографијата во меѓувреме беше отстранета од сајтот на тој моден бренд, а две слични, поточно со сличен натпис, но со бели деца, останаа. Компанијата исто така упати и јавно извинување.