(ВИДЕО) Јункер „ја протресе“ косата на жена пред влезот на ЕК


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска повторно беше во центар на вниманието на самитот на лидерите на земјите членки на Европската унија.

Тој е снимен како гали по коса една жена на влезот во седиштето на Европската комисија во Брисел, што причинило жената да се засрами.

Во тоа време шефовите на држави и влади влегуваа на продолжението на состанокот, кој започна вчера.

Неодамна Јункер изненади кога ја напушти прес-конференцијата во Брисел, бидејќи носеше различни кондури.

На сличен начин привлече внимание и пред неколку месеци за време на свечена вечера на лидерите на НАТО кога изгуби рамнотежа неколку пати, одеше нестабилно, а медиумите објавија и снимка на која се гледа како се тетерави, при што претседателите на Франција и Украина мораа да му помогнат да остане на нозе.

Веднаш потоа се појави фотографија на која се гледа како Јункер седи во инвалидска количка, а портпаролите на Комисијата изјавија дека станува збор за ишијас, кој му предизвикува пречки во движењето и му создава болки во грбот и нозете.