(ВИДЕО) Шест лица загинаа во пожар во центарот на Москва


Шест лица загинаа во пожар што избувна синоќа во станбена зграда во центарот на Москва, изјави портпаролката на Руската истражна комисија, Јулија Иванова.

Според неа, меѓу жртвите e еден од малолетник, пишува ТАСС. Пожарот избувна околу 1:20 по локално време во седумкатна зграда на булеварот „Никитски“ , а 42 станари се евакуирани од зградата, вклучително и осум деца.

Пожарот избувнал на петтиот и шестиот кат, а пожарникарите успеале да го изгаснат дури за пет часа.