(ВИДЕО) Шаулиќ после концертот патувал кон аеродром за да се врати дома


Шабан Шаулиќ (67) или како што многумина го нарекуваа Кралот на фолк музиката загина во сообраќајна несреќа во близина на градот Билефелд во Германија.

Несреќата ја предизвикал пијан возач кој се забил во автомобилот во кој како совозач патувал патувал пејачот.
Несреќата се случила вчера утрото, додека Шаулиќ го превезувале кон аеродромот. Во автомобилот имало уште две лица кои исто така се потешко повредени.
Германските медиумите пренесоа дека се случила несреќа во 6 часот наутро на автопатот А2 во правец кон Дортмунд.

Според нивните написи во кои се повикуваат на полициски извори, се вели дека пијан маж на возраст од 34 години управувал возило „Мазда“ и со него се забил во „Сеат ибица“ во која се наоѓале тројца мажи.
Според тамошните медиуми, Шаулиќ им подлегнал на повредите во болница.
Шаулиќ е роден во Шабац 1951 година. Тој како тинејџер ја објавил песната „Дајте ми утеха“ и така ја стартувал својата кариера. Зад себе остави десетици албуми и компилации од неговите најголеми хитови. Освен музика, тој обожаваше и спорт особено фудбал и бокс.

Меѓу неговите најголемите хитови се „Дојди да остариме заедно“, „Жал“, „Отиде таго моја“, „Само за неа“ и многу други.
„Со голема болка ве известуваме дека престана да чука едно големо срце. Се стиша најубавиот глас во регионот, кога не напушти нашиот сопруг, татко, дедо, кум и пријател Шабан Шаулиќ. Љубовта која несебично ја ширеше, ја ткаеше и во песните“, соопшти вчера неговото семејство.
Во седумдесетите години ја запознал Гордана и само по неколку месеци ја оженил. Тој има три деца, две ќерки Илда и Санела и синот Михаил. Последниве години беше член на жирикомисијата на натпреварите за „Пинкови ѕвездички“.

Шаулиќ важеше за една од најголемите музички ѕвезди во поранешна Југославија и на балканските простори.
Меѓу многуте реакции и пораки за сочувство до неговото семејство се огласи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Шаулиќ во саботата од Белград авионски патувал до Германија, преку Виена. Со него во авионот биле и неговите колешки Сека Алексиќ и Теа Тировиќ. Вечерта заедно со Таировиќ, тој настапил во клубот „Фаринда“ во Билефелд, а доцна после настапот со автомобил се упатил повторно кон аеродромот за да се врати дома.

Видео од неговиот последен настап во Билефелд: