(ВИДЕО) Храбри хрватски пожарникари спасија куче од сигурна смрт
Хрватски пожарникари од Вуковар вчера во попладневните часови добиле необичен повик. Имено, загрижен сопственик побарал помош за спасување на неговото куче Леа, кое трчајќи по лебеди, паднало во студената вода на смрзнатата река Вуца, пишува „24 Сата“.
На снимката, која синоќа ја објави сопственикот на кучето, може да се види како вуковарските пожарникари во тешки услови организираа спасување на кучето кое беше заробено во ледената вода.
Еден од пожарникарите влезе во ризичен потфат, додека колегите го придржуваа со јажиња. Легна на душек и лизгајќи се по мразот стигна до кучето кое, премрзнато, ја држеше само главата над водата.
Видеото може да го погледнете на следниов линк.