(ВИДЕО) Харви Вајнстин доби шлаканица од непознат маж во името на сите злоупотребени жени


Холивудскиот продуцент Харви Вајнстин за кого наголемо се пишува во светските медиуми дека сексуално злоупотребувал и силувал голем број од неговите колешки актерки, беше физички нападна во еден ресторан.

Непознат маж се приближи до него и му удри две шлаканици, по што Вајстајн проба да се одбрани.

Медиумите с еобидоа да дознаат што точно следувало пред шлаканиците. Според нивните пишувања, момчето кое го нападна Вајнстин се вика Стив и тој заедно со негов пријател вечерале во истиот ресторан со Харви Вајнстин и неговиот тренер. Стив му се приближил на Харви и побарал од него да направат заедничка фотографија, но Харви бил безобразен и го одбил. Тогаш, пријателот на Стив почнал да снима, а Стив му зададе две шлаканици посочувајќи му дека тоа му се од сите жени кои ги злоупотребувал.