(Видео + Фото) Сите славни летуваат во Портофино: Зошто рибарското гратче е популарно?


Италија– Секое лето привлекува елита, но освојува и со бајковити фотографии од пастелните куќи во низа. Холивудските ѕвезди и годинава го сјатија Портофино, а неодамна таму е одржана и една свадба.

Портофино на на брегот на Лигурското море, привлекува ѕвезди од минатиот век. Таму летуваа и Грејс Кели и Елизабет Тејлор, а Клерк Гејбл го обожуваше. И половина век подоцна, Портофино и понатаму е неодолив на холивудските фаци па таму моментно летуваат актерките Сара Џесика Паркер и Сиена Милер, а Џенифер Анистон таму го снима новиот филм.

Би Шејфер, ќерката на Ана Винтур, уредничката на американскиот „Вог“  неодамна во Портофино се омажи тајно за италијанецот Франческо Карозини, синот на починатата уредничка на италијанскиот „Вог“ Франка Созани.

Меѓу редовните посетители на италијанското гратче се и милијардерите кои низ Медитеранот пловат со своите луксузни јахти, како што се режисерот Стивен Спилберг и кланот Кардашијан-Џенер, па многумина се прашуваат  во што е тајната на неговата популарност. Неговите жители сметаат дека Портофино привлекува со својот зачуван дух кој ги привлекуваше богатите и во педеститте години но и со убавината на рибарско место.

Портофино е идеално и за активен одмор. Освен привлечни плажи, освојува и со убавите локации за њуркање, заради разни видови корали и риби, како и заради атракцијата Христос од Бездан, подводната скулптура на Исус Христос од бронза и неколкуте потопени бродови во близина.

Во Портофино има и дизајнерски дуќани како во Милано или долж Француската ревиера.

Поп-ѕвездата Кристина Арнаудова во догледно време сака да го посети Портофино и да се увери во неговата магија.

-Во Италија  уживав во убавините и гостопримството на Капри, Амалфи, Позитано, Пулиа, Галиполи, Милано… На ред е е Портофино. Се радувам на патувањето, вели Арнаудова.