(Видео) (Фото) Се шири мистериозна епидемија: Откриена бактерија која јаде живо месо!


Лекарите од Австралија повикаа на итна акција и на детални истражувања за да се открие зошто заразата со бактерија која напаѓа и јаде живо месо прерасна во вистинска епидемија во државата Викторија, пренесе Би-би-си.

Бројот на поединечни случаи заразени со таканаречениот Бурули чир, кожна инфекција е најчеста во Африка, во последните четири години се зголемила за 400 отсто. Исто така, инфекциите стануваат сѐ потешки и сѐ побрзо се шират, а докторите не знаат како да ја спречат заразата.

Минатата година се пријавени 275 нови случаи на инфекции, што е за 51 отсто повеќе во споредба со годината претходно.

Инфектологот д-р Даниел О’Брајан вели дека случаите на Бурули чир во последно време во тој регион станале и почести и потешки.

Нејасно е зошто чирот, карактеристичен за тропските подрачја, се појавил во Викторија, односно на подрачје со умерена клима.

Со текст објавен во „Медицинско списание на Австралија“лекарите ја повикаа тамошната влада итно да одобри средства за истражување на оваа појава.

„Никој не разбира што се случува и кои се причините за оваа идеја. Ние можеме да понудиме индиции, но не и делотворен совет. Проблемот е во тоа што немаме многу време за размислување, треба итно да се дејствува“, вели д-р О’Брајан.

Лекарите согледале дека болеста Бурули чир се лекува многу тешко. Лекувањето трае меѓу 6 и 12 месеци. На голем број од пациентите потоа им треба и реконструктивна операција.

Тоа што досега се знае за болеста е дека ја има во руралните подрачја на западна и централна Африка, Латинска Америка и тропска Азија. Во земјите во развој се лоцира на подрачја каде што има мочуришта или се задржува вода. Но случаите во Австралија главно доаѓаат од копнени подрачја.

Што е Бурули чир?

Научните утврдија дека станува збор за болест на кожата предизвикана од бактеријата Мycobacterium ulcerans, која испушта токсини што ги уништуваат станиците на кожата, малите крвни садови и поткожното масно ткиво. Тоа доведува до создавање чиреви и губење на дел од кожата. Со тек на времето, чирот се зголемува и предизвикува тешки деформации и инвалидитет. Најчесто ги зафаќа екстремитетите, но може да се појави и на лицето и на телото. Не е познато како бактеријата се пренесува на луѓе, но верувањата се дека доаѓа од земјата или од водата. Постојат и теории дека болеста ја пренесуваат комарци.