(ВИДЕО) Успешна трансплантација на срце: Победникот на Евровизија се опоравува по операцијата


Победникот на Евровизија, Португалецот Салвадор Собрал (27) имаше тешка операција за трансплантација на срце. За среќа, опешрацијата заврши успешно, а тој полека закрепнува.

Докторите од лисабонската болница Санта Круз велат дека пејачот е во добра состојба.

Собрал кој на последната „Евровизија“ настапи со песната „Љубов за двајцата“ долго време боледува од болест на срцето. Со неговиот настап Португалија првпат изби на првото место на оваа музичка манифестација.