(ВИДЕО) „Спејс икс“ успешно лансира сателит за опсервации, па ја врати ракетата на Земјата


Американската компанија „Спејс икс“ (SpaceX) лансира сателит за опсервации Саоком-1А.

Сателитот на Аргентинската вселенска агенција е успешно лансиран од базата Ванденберг, Калифорнија и тоа со ракета Фалкон 9.

Првата погонска фаза ракетата по одовјувањето успешно се врати на Земјата, што е пракса која ја започна компанијата „Спејс-икс“ за да смали трошоците за лансирања ракета.

Сателитот Саоком-1А, 12 минути по полетувањето беше во орбита.

Сателитот има радар кој ќе биде употребен за собирање на информации со цел адекватно да се одговори на итните ситуации при елементарни непогоди.

Американската вселенска агенција НАСА неодамна објави дека првиот лет на ракета „Спејс Икс“ со човечки екипаж до Меѓународната вселенска станица ќе биде изведен во јуни 2019 година.