(Видео) Со „Бела ноќ“ в сабота почнува главната туристичка сезона во Охрид


Со годинешното издание на „Бела ноќ“, проект што се подготвува повеќе од четири месеци, на 14 јули, сабота, ќе се одбележи официјалниот почеток на главната туристичка сезона во Охрид.

Програмата ќе започне во 18 часот со настап на DJ Gec и уште неколку локални диџеи по што во 21 часот ќе има поздравен говор од страна на градоначалникот Јован Стојаноски на градскиот плоштад, со што и официјално ќе биде отворена годинешната „Бела ноќ“.

Потоа следува уште еден блок музика по што околу 21.30 часот ќе започне концертот на Масимо Савиќ, кој ќе биде пренесуван директно на видеобим на главната бина на градскиот плоштад.

Веднаш по концертот на Масомо ќе продолжи забавата на главната бина со Дџ сет на Dj Nasty DeLuxe, по што ќе следува и сетот на Dj Jane. Веднаш по него ќе се претстави ѕвездата на вечерта – германскиот суперстар Дј – DJ Tomcraft. За afterparty забавата ќе се погрижи Dj Regie Rules.

За цело време на настаните ќе имаме забава и со Баскер уметници кои ќе дадат свој печат на вечерата.

Она што ќе биде исклучително интересно е и самата поставеност на бината, која ќе биде во водите на езерото (на брод). На бината ќе има видео бим и соодветно озвучување.

Украсувањето на стариот дел од градот ќе биде соодветно и ќе се одбележи целата патека со бели траки и соодветен промо материјал од Антички театар до плоштадот каде продолжува забавата и сите патишта од стариот дел на градот ќе водат до центарот каде ќе биде главниот дел од програмата.