(ВИДЕО) Совршениот македонски на Али Ахмети


Лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети прозборе на македонски јазик на средба со граѓани во Пласница во рамки на кампањата за референдумот.
Ова е прв јавен настап на Ахмети на првиот службен јазик во Македонија. Иако е присутен на политичката сцена подолго од една и пол деценија, Ахмети во своите настапи секогаш говореше на албански јазик, при што некои од неговите соработници го преведуваа на македонски.
Од неговиот настап во Пласница може да се забележи дека Ахмети многу добро го владее македонскиот јазик.

„На 30 септември да излеземе и да гласаме ако сакаме подобра иднина. И не само ние што сме овде, туку од врата на врата, зашто се гласа за нашата иднина, на изборите, за овој историски момент“, рече Ахмети во видео што го објави ТВ21.