(ВИДЕО) Се урна зграда во Индија, десет лица загинаа спиејќи


Најмалку десет лица загинаа, а двајца се повредени при уривање на трикатна зграда во градот Индоре во Индија.

Спасувачката операција, што беше спроведена во текот на ноќта веќе е при крај, а локалната полиција смета дека нема повеќе лица под рушевините.

Десет лица се извлечени живи од под рушевините.

Причината за несреќата се уште не е позната.

Весникот „Тајмс ов Индија“ пишува дека зградата се срушила откако маж влетал со автомобил во предниот дел на објектот.