(ВИДЕО) Сара Мејс роди девојче: Не ми се верува какво е чувството


Сара Костадиновска или позната како Сара Мејс утрово роди женско здраво бебе. Во исто време на својот канал ја „Јутјуб“ беше промовирана и нејзината нова песна со наслов „Црна капина“, за која сними има и видеозапис.

Среќните родители Сара и водителот Димитар Атанасовски одлучија нивната ќеркичка да ја крстат Илина.
– Не е лажна тревога. Најсреќна на свет сум. Не ми се верува какво е чувството – напиша Сара на нејзиниот профил на Фејсбук, откако информацијата за нејзиното породување се рашири во јавноста.

Нумерата „Црна капина” која беше промовирана вчера е од проектот „Floating through space with Sarah Mace“.
– Песнава е според мене една од најубавите од конкретниот албум. Не е комерцијална, ама чудесна е. Во постојано движење со телото на слушателот, од почеток до крај пулсира во тебе. Оваа е песна започната како идеја на тапанарот во случајот и автор, Александар Ванчовски. Мислам дека тоа тапанарско влијание се чувствува цело време дур трае песнава, а можеби дури и после тоа – вели Сара.

Видеото претставува модерен пристап на едноставна анимација на урбани елементи и одредени традиционални симболи следејќи го текстот на песната, дел од нив се цртежи нацртани од Дарко Петковски, збогатени и дополнети со живописни нијанси и скеч техника. Потпишана зад неговата реализација од А до Ш стои Љупка Андоновска.

Сара долгогодишната љубов со водителот Димитар Атанасовски ја круниса со брак пред речиси една година.
Таа на естрадата е активна повеќе од пет години. Почна со дуетот „Цимерки“, а стана препознатлива по хитовите „Врне, врне“, „Сон“, „Намбареја“. Ангажирана е како харфистка во Македонската опера и балет, а понекогаш настапува и со Македонската филхармонија.