(ВИДЕО) Сакале да влезат од Африка во Европа: Мигранти најдени во душеци


За да преминат од Африка во Европа, двајца имигранти се сокриле во душеци за илегално да ја минат шпанската граница, пишува „Тајм“.

На видеото се гледа како гранични службеници ги земаат душеците, потоа ги отвораат и сокриени во нив наоѓаат мигранти. Тие на царинските службеници им рекле дека на возач на комбе му платиле по 4.500 евра за да ги пренесе преку границата.

Возачот избегал кога граничната полиција побарала од него да им ги покаже душеците кои ги превезувал. Момчињата сега се сместени во центар за мигранти.