(ВИДЕО) Рок-ѕвездата Еуген ќе ја претставува Албанија на Евровизија


Познатиот албански рокер, Еуген Бушпепа, со песната „Копнеж“ (Mall) ќе ја претставува Албанија на Евровизија 2018.

Тој е апсолутен победник на фестивалот што го организира албанската државна телевизија „Фест ‘56“ што заврши синоќа на полноќ во Конгресната палата во Тирана.

Комплетен автор на песната „Носталгија“ е Бушпепа, кој е еден од најпознатите рокери во земјата во последната деценија.

– И благодарам на Албанската државна телевизија и на жирито. Ќе дадам максимум достојно да ја претставам Албанија на Евросонг, што ќе се одржи на 18 мај 2018 година во Лисабон, Португалија. Се надевам дека со песната за кусо ќе го ублажите копнежот што го имате кон некого, изјави по победата Бушпепа.

Второто место му припадна на Редон Макаши, со песната „Постојам“, додека на трето е Инис Незири со песната „Пиедестал“.