(ВИДЕО) Професорот чии деца го насмеаа цел свет им честиташе на сите празници


Неговото вклучување во програмата на Би-Би-Си  насмеа над милиони луѓе ширум светот, и како една од овогодинешните интернет атракции, професорот Роберт Кели, опкружен со неговото семејство, им ги честиташе празниците на сите.

Професорот на Јужнокорејскиот универзитет во Бусан и политички аналитичар Роберт Кели се приклучи на програмата на Би-Би-Си во март, за да ги сподели своите ставови за актуелната ситуација во таа земја, но неговите деца имаа друга идеја.

Првиот пат во собата додека се обраќаше влезе  неговата тригодишна ќерка Мерион, а наскоро (како тоа да не беше доволно) и се придружи и синот. Кели се обидуваше да остане смирен и професионален цело време, но видеото помина низ светот и насмеа милиони луѓе.

На Јутјуб оригиналното видео  има повеќе од 25 милиони прегледи. Потсетувајќи се на тоа, Кели одлучил на сите на кои за него имаа само пофалби да им ги честита празници.