(ВИДЕО) Произведен е хуманоиден робот на кој ќе завиди и врвен спортист


Компанијата „Бостон Динамик“ која се занимава со развој и производство на роботи, објави фантастично видео кое потсетува на иднината.

Во една минута може да видите демонстрација на врвни способности на човеколикиот робот.

Со неверојатна леснотија скока од подот и може да му позавидат многу кошаркари, а извонредно прави и салто и се дочекува на подот на нозе.