(ВИДЕО) Правила си се правила: Ни Федерер не може да помине без акредитација


Роџер Федерер важи за најголемиот тенисер на сите времиња, има освоено најмногу Гренд слем титули во историјата, но правилата во Мелбурн важат и за него.

На Швајцарецот не му беше дозволен влез во соблекувалните бидејќи со себе не ја носеше акредитацијата. Обезбедувањето го запре тенисерот, кој мораше да почека да дојде неговата придружба за да ја покаже акредитација.