(Видео) Почина Џо Џексон, творецот на најголемата музичка династија


САД– Таткото на легендарниот Мајкл Џексон и творец на групата „Џексон 5“ Џо Џексон почина на 89 години по тешка болест. Џо Џексон починал во болница во Лас Вегас. Се уште нема официјална потврда за причината за смрта, но познато е дека Џексон боледувал од рак на панкреасот.

– Сонцето изгрева кога ќе дојде време и, дали ви се допаѓа тоа или не, заоѓа кога ќе дојде време – објавено е на неговиот Твитер во неделата.

Џо имал 11 деца, а неговите пет синови беа во легендарната група „Џексон 5“ која беше отскочната штица за кралот на попот Мајкл Џексон.