(Видео) Полуголиот Адам Левин ги распамети обожувателките


На полувремето на Супер Боул настапуваа Марун 5, Тревис Скот и Биг Бој, а фронтменот на Марун 5, ја распамети публика настапувајќи без маица, при што ги покажа сите тетоважи.

Некои беа одушевени од неговата одлука, но некои го осудуваат, па на социјалните мрежи денеска има различни коментари.

Еден корисник на социјалните мрежи напиша дека му се чини оти Левин до крајот на настапот ќе заврши гол, а друг се потсети на настапот на Џенет Џексон пред 15 години, кога беше шокантно што на пејачката тогаш и ѕирна брадавицата.