(ВИДЕО) Патувањето од Хонг Конг до Кина од еден час скратено на 14 минути
Линија за супербрз воз, кој се движи кон континенталниот дел на Кина, е отворена денеска во Хонгконг, со што патувањето кое претходно траело еден час сега е скратено на 14 минути.
Изградбата на супербрзиот воз траела повеќе од осум години и чинела десет милијарди долари. Овој нов систем е направен така што на дневна основа ќе може да превезе 80 илјади патници од финансискиот центар на Азија, кој има седум милиони жители, до центарот за производство, односно провинцијата Гуангдонг.
Како што е соопштува АП, патот на возот е долг 26 километри, а оди од Хонгконг до Шенжен.
Преку оваа линија патниците ќе бидат поврзани со 25.000 километри брза железничка мрежа која сообраќа до 44 дестинации, меѓу кои Шангај, Пекинг и западниот град Сијан.