(ВИДЕО) Откако се продаде за 1,3 милион долари, Бенкси ја уништи својата слика
Британскиот уличен уметник Бенкси ја шокираше светската јавност, откако неговото дело „Девојка со балон“ беше уништено со помош на механизам за сечење вграден во долната рамка на сликата.
Иако платното „Девојка со балон“ беше проценето на 350.000 долари, тоа на аукцијата во „Сотби“ во Лондон достигна цена од 1,36 милиони долари.
Меѓутоа, присутните на аукцијата по завршувањето на продажбата не можеа ни да претпостават што ги очекува и останаа шокирани кога платното помина низ механизмот за сечење скриен во рамката.
– Бенкси не насамари. Досега не сме имале вакво искуство, сликата сама да се уништи откако ќе постигне рекордна цена, изјави Алекс Бранчик еден од директорите во „Сотби“.
Овој потфат е внимателно планиран за што говори и фактот дека Бенкси на социјалните мрежи веднаш објави фотографија со исеченото платно.