(Видео) Нов мост преку Вардар за директна врска помеѓу Аеродром и Гази Баба


Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави дека најдоцна до септември ќе почне да се гради нов мост преку Вардар кој ќе ги поврзува Аеродром и Гази Баба, поточно тој ќе биде директна врска помеѓу булевар „АСНОМ“ кај хотелот Русија, преку Вардар, низ населбата Ќерамидница, се до раскрсницата кај скопското сајмиште. Проценето е дека од Ново Лисиче до Саем или од Автокоманда до ТЦ Бисер со автомобил ќе се стигнува за само 5 минути. Времето на движење за велосипедистите и пешаците, исто така, ќе биде драстично намалено.

„Новиот проект освен нов мост преку Вардар во должина од 120 метри предвидува и пробивање на нов и реконструкција на стар булевар во вкупна должина од 2170 метри, 5 вкрстувања, 6 коловозни ленти, велосипедски патеки во двете насоки, пешачки патеки и дрвореди. Новиот коридор во градот задолжително ќе биде проследен и со нови автобуски линии на јавниот градски превоз“, истакна Шилегов.

Тој истакна дека проектот е предвиден во ГУП од 1965-та година, а досега за него никој во Градот не ја изготвил основната планска документација. Градбата на овој коридор со мост предвидено е да биде завршена во рок не подолг од 24 месеци од почетокот на градежните рабо