(ВИДЕО) Нова трагедија во Магнитогорск, експлодираше минибус


За два дена две трагедии го погогдија рускиот град Мгнитогорск. Откако се урна станбена зграда, ден подоцна експлодираше и минибус, при што загинаа три лица.

Бројот на загинати при уривање на станбен блок во рускиот град Магнитогорск се искачи на 16, откако под урнатините беа откриени уште три тела, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Повеќе од 20 луѓе се уште се водат како исчезнати по експлозијата на системот за гас, што предизвика уривање на зградата на 31 декември.
Експлозијата предизвика уривање и оштетување на 48 станови во станбениот блок.