(ВИДЕО) Незапаметен грабеж во Италија: Со багери го отвориле блиндираното возило


Италијанската полиција вели дека крадците што ограбиле 2,3 милиони евра на автопат во јужна Италија користеле багери за да го отворат блиндираното возило што транспортирало пари.

Возило, кое превезувало пари наменети за пензии од Бари до Матера, крадците го запреле со два шлепера кои го попречиле патот, а потоа два багера биле користени како „отворачи“ за да пристапат до парите што се наоѓале во возилото, објави Ројтерс.

Маскираните разбојници потоа ги тргнале багерите и избегале со пленот со помош на друго возило.

Полицијата, исто така, соопшти дека ниту еден од тројцата чувари кои биле во блиндираното возило не бил повреден, објави агенцијата.