(Видео) Најкомпликуваната клучка во светот: Бетонски лавиринт на пет нивоа


Неодамна изградената клучка, која изгледа на чинија со шпагети, има пет нивоа, пишува АФП.

Клучката „Хуангџинанг“ е завршена осум години од почетокот на изградбата и се наоѓа во близина на градот Чунгкинг, на југозападниот дел на Кина.

Бетонскиот лавиринт има пет нивоа. Највисокото се наоѓа 37 метри над земјата, додека околу 15 рампи транспортираат автомобили во лавиринтот во осум правци.

Од овие броеви лесно може да ви се сврти во главата, но локалните власти велат дека биле принудени да изградат таква сложена структура бидејќи морале да ги поврзат најважните делови на градот.

Социјалните мрежи, се разбира, ја претворија целата ситуација во шега.

„Ќе пристигнете во градот со задоцнување од еден ден ако го утнете излезот“, пишува во еден од коментарите на кинескиот еквивалент на Фејсбук, Веибо.

„Мојот ГПС-уред ми рече да го оставам на мир и да одам каде што сакам“, одговори друг.