(Видео) Мицкоски: Јавниот долг е 4,786 милијарди евра


Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев во тесна спрега со министерството за финансии продолжуваат да ве лажат. Министерството за финансии грубо ја манипулира јавноста во Република Македонија кога стануваа збор за состојбата на државниот и јавниот долг во Република Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Според Мицковски вкупната состојба на јавниот долг изнесува 4 милијарди 786 милиони и 900 илјади евра, додека пак вкупната состојба на државниот долг изнесува 3 милијарди 958 милиони и 500 илјади евра.

“Имено на следниот слајд е прикажана состојбата на јавниот и државниот долг која што е објавена на веб страницата на министерството за финансии со пресечна дата 23 април 2018 година, т.е. денес. На следниот слајд овие бројки се кажани и споредени со БДП повторно извор ни е веб страницата на министерството за финансии, пресечна дата 21 април 2018 година. Лесно може да се забележи дека бројката која што е објавена а изнесува јавен долг во Република Македонија е 46,7% од БДП, односно бројката која што е објавена а се однесува на државниот долг е 38,7% од БДП во Република Македонија. Станува збор за две различни бројки кои што понатаму реферираат и две различни вредност на БДП, а тоа веќе може да се види на следниот слајд кој што ќе биде прикажан во продолжение. Кога реалниот јавен долг ќе се подели со реалниот БДП ќе добиеме бројка од 47,55%, што е различно од она што е објавено од министерството за финансии, 46,7% односно грешката е нешто повеќе од 85,5 милиони евра. Додека пак државниот долг кога ќе се подели со реалниот пораст на БДП добиваме процент од 39,32% што е различно од 38,7% кои што беа објавени од страна Министерството за финансии, или грешката е нешто повеќе од 62,4 милиони евра, истакна Мицковски.