(Видео) Мицкоски: До 10-ти септември јавноста ќе знае дали ќе бојкотираме или не


ВМРО-ДПМНЕ до десетти септември односно до почетокот на кампањата за референдумот, ќе го соопшти својот став дали ќе повика на бојкот или да се излези и да се гласа против.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5 потврдува дека добил понуда за влез во владата но демантира дека барал измени на кривичниот законик кој би значеле амнестија за претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.