(ВИДЕО) Макрон до саудискиот принц: Загрижен сум, никогаш не ме слушаш…


Францускиот претседател Емануел Макрон, накратко, за време на Самитот на Г-20 во Буенос Аирес, Аргентина, разговараше со саудиска принцот Мохамед бин Салман.

Камерите забележаа како Макрон за време на разговорот му вели на принцот дека е загрижен.

Парискиот весник „Монд“ пишува дека Макрон, за време на неформалниот состанок, изразил загриженост во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги и за ситуацијата во Јемен.

„Но јас сум загрижен. Јас ви го кажав тоа. Не ме слушате“, вели Макрон на што принцот одговара „секако дека ве слушам“.

На крајот од краткиот разговор, кој беше прекинат поради силната бучава во салата, Макрон вели „јас сум човек од збор“.