(ВИДЕО) Македонските иселеници запалија слика од Зоран Заев


Македонските иселеници во Австралија на денешниот протест против менување на уставното име запалија фотографија од премиерот Зоран Заев.

Демонстрантите облечени во патриотска облека и македонски обележја ја запалија сликата, а видеото кружи по социјалните мрежи.

Слични вакви собири денеска се одржуваат и во Нов Зеланд, Холандија, Англија, Италија, Чешка, Словенија и Малта.