(ВИДЕО) Крадец ограби жена додека подигаше пари од банкомат, па ѝ ги врати кога ѝ ја виде сметката


Крадец во Кина нападна жена која дошла да извади пари од банкомат, и во моментот додека подигнуваше пари, крадецот ја нападна, а само неколку минути подоцна ѝ ги врати парите и продолжи понатаму.

Преплашената жена му ги даде малкуте пари што ги подигна од банкомат, па му ја покажа состојбата на сметката на која нема расположливи средства, на што крадецот се насмевна и си замина.

Од сожалување, разбојникот ѝ ги врати парите и си замина, а на видеоснимката се гледа како крадецот се смешка додека си заминува.

Крадецот подоцна бил уапсен и однесен во полициска станица.