(ВИДЕО) Кој танцува подобро – Меј или Јункер?


По посетата на на британската премиерка Тереза Меј на Африка, таа во британските медиуми ја доби титулата „кралица на танцот“, а претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на говорница во Брисел исто така одлучи да се испроба на имагинарниот подиум.

Кој танцува подобро, проценете сами:

Според телевизијата ИТВ, танцовите чекори на Јункер изведени во Брисел потсетуваат на Меј, чии снимки станале хит на социјалните мрежи.

Британски „Дејли мејл“ играта на британската премиерка ја нарече „Мејботом“ поради нејзината „вкочанетост“.