(ВИДЕО) Кинески филм што ги урива сите можни рекорди


Првиот кинески високобуџетен научно-фантастичен филм „Земјата што лута“ (Wandering Earth) ги урива сите рекорди според гледаноста. По првиот ден од прикажувањето, блокбастерот во Кина заработи повеќе од 200 милиони долари.

„Земјата што лута“ е приказна за епскиот проект за преселување на нашата планета и нејзините 3,5 милијарди жители во далечен систем на ѕвезди во блиска иднина, со цел да се спречи Сонцето, кое е при крајот до својот животен век, да ја голтне.

Режисерот на филмот Гуо Фан истакнува дека филмот „Земјата што лута“, од сите досега видени холивудски блокбастери за апокалипсата, е сосема поинаков.

„Во многу филмови луѓето едноставно бегаат и ја напуштаат Земјата кога се појавуваат проблеми. Во нашата приказна ние исто така бегаме, но овој пат ја земаме нашата планета со нас. Основната порака на мојот филм е дека ова е нашата планета и дека ние никогаш нема да ја напуштиме“, рече режисерот.