(Видео) Каролина го промовираше спотот за „Бели цветови“


Поп-ѕвездата Каролина Гочева го објави спотот за песната „Бели цветови“, која е дел од нејзиниот најнов етно-албум, со џез примеси „Извор“.

-Драги мои, со задоволство ви го претставувам видеозаписот за највеселата песна од албумот, ‘Бели цветови’. Се надевам дека нашава убава приказна дополнително ќе ви ги разубави овие последни сончеви денови. Уживајте!“ – напиша таа на социјалните мрежи.

Видеозаписот 38-годишната пејачка го снимаше пред два месеци во Скопје и околината.