(Видео) Калиопи со нов сингл место честитка: “Хајде да пјевамо”


Поп-ѕвездата Калиопи има нов сингл на српски јазик „Хајде да пјевамо“ чиј автор е нејзиниот екссопруг Ромео Грил.

-Декември е месец во кој испраќаме и примаме честитки со надобри желби. Јас наместо честитки ја подарувам песната “Хајде да пјевамо” која ја слави љубовта, задоволството и среќата на живеењето.Посветена е на сите знајни и  незнајни луѓе со желба да се свртат кон себе и околу себе, кон вистинските вредности и кон сето она кое ги прави среќни, вели поп-ѕвездата.

Претходно пејачката ја промовираше новата песна „Пресуда“ на српски јазик.

Поп-ѕвездата Калиопи (51) се фокусира на музичката кариера во регионот и засега не планира концерти во Македонија. Минатиот месец одржа концерт во Белград, во Сава центарот.  Калиопи претходно одржа успешна мини турнеја низ Србија, одржувајќи три концерти: во Крагуевац, во Ниш и во Јагодина.

Важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет. Два пати не претставуваше на Евросонг, во 2012 и во 2015 година.