(Видео) Калиопи со нова балада на српски јазик: “Пресуда“


Поп-ѕвездата Калиопи, по подолга музичка пауза и со нов имиџ, ја промовираше својата нова песна, „Пресуда“ на српски јазик. Емотивната балада, за Калиопи ја напиша нејзиниот постојан соработник, поранешниот сопруг, Ромео Грил.

„Далеку си сонце мое, уморна сум, немам воља да се разбудам. Тргнувам, станувам, па се враќам, на некого горе казна му плаќам, да не те видам, тебе да те изгубам“, се дел од стиховите на новата песна, која е снимана во студија во Базел и во Загреб.

Во спотот кој е сниман во скопскиот градски парк, акцент е даден на ликот на Калиопи.

Поп-ѕвездата се фокусира на музичката кариера во регионот и засега не планира концерти во Македонија. На 23 ноември ќе одржи концерт во Белград, во Сава центарот и премиерно, во живо ќе ја изведе новата песна. Калиопи претходно одржа успешна мини турнеја низ Србија, одржувајжи три концерти: во Крагуевац, во Ниш и во Јагодина.