(Видео) Северина со нов спот за „Магија“


Хрватска– Хрватската и регионална поп-ѕвезда Северина денеска го претстави видеозаписот за песната „Магија“, во дует  со босанскиот рапер Јала Брат. Ова е втор нивен заеднички проект по хитот „Отрове“ кој има преку 72 милиони прегледи на „јутјуб“.

Режијата и кореографијата ги потпиша Анже Шкрубе, кореографот со кој Северина соработуваше на турнејата „Добродошао у клуб“.