(ВИДЕО) И Талат Џафери не гласал, го немало на избирачки список


Точно е дека не можев да го искористам демократското право. Моето име не беше на избирачкиот список во избирачко место каде гласав во сите изборни циклуси претходно. Се надевам се работи за изолиран случај и дека немало слични случаи. Гласот е еднаков, како мојот така и на сите граѓани – претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој сепак им честита на граѓаните и институциите за спроведеното гласање без ниту еден инцидент и со мирен и демократски процес на гласање.

– Со ова граѓаните докажаа дека припаѓаат на ниво на политичка култура на демокартски развиените земји, но тоа што е најважно дека припаѓаат на големото европско семејство, рече Џафери.

Во оваа прилика Џафери им честита на сите домашни институции за мирниот изборен процес, без ниту една пријавена сериозна неправилност.

– Граѓаните денеска ги поставија темелите на идната Македонија. Гласот на суверенот е тој што одлучува за иднината на оваа земја. Се надевам и се надеваме дека одлуката на суверенот е во насока на една подобра иднина за сите граѓани на Македонија, рече Џафери.

Таа одлука, како што посочи тој, ќе биде основа за идните процеси што не очекуваат во следниот период во институциите на системот.