(ВИДЕО) Истанбул: Се урна воен хеликоптер врз зграда, загинаа четири војници


Воен хеликоптер се урна синоќа врз станбена зграда во населба во Истанбул, потврди гувернерот на градот Али Јерликаја.

Според турските медиуми, загинале четворица војници.

Хеликоптерот за урнал при принудно слетување, а според првичните податоци, тоа се случило поради технички проблеми.